Кралски запечен компир

popara29 март, 20141min00
11

Состојки:

–    1 кг. компири
–    половина литар млеко
–    една до две кисели павлаки (од по 200 гр.)
–    1 лажица путер
–    2-3 чешниња лук
–    рендан кашкавал
–    сол, бибер

Подготовка:

Ставете ги млекото и павлаката во тенџере, почекајте да зовријат, па додајте го путерот и лукот. Потоа додајте ги исечените компири и варете ги околу 5 минути. Зачинете со сол и бибер.

Во меѓувреме земете еден соодветен огноотпорен сад и премачкајте го со путер, па истурете ја во него содржината од тенџерето и на крај посипете ја со рендан кашкавал. Печете додека не стане златно и крцкаво. Пред да го послужите, оставете го јадењето малку да се олади, па потоа уживајте во прекрасниот вкус.