Состојки:
- 4 кори за обланди
- 500 гр шеќер
- 500 мл млеко
- 2 лажици гриз
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр ситно сечкани ореви (по желба)
- 1 кесичка ванилин шеќер
- малку цимет
- 1 маргарин
Подготовка:
Шеќерот се става во тенџере да се карамелизира. Се меша постојано, додека не се стопи и не стане течен 0и со боја на карамела, но треба да се внимава бојата многу да не потемни, да не изгори.
Во тенџерето со шеќерот се додава ладното млеко (ќе има бурна реакција). Треба да се меша се додека шеќерот целосно не се растопи во млекото. Во растопениот шеќер се додаваат ванилин шеќер и 2 лажици гриз и се продолжува со мешање уште 2-3 минути. Потоа во таа смеса се додава маргаринот, најдобро е ако неколку часа бил на собна температура, побрзо ќе се стопи. Кога маргаринот ќе се растопи, се трга тенџерето од оган и се додаваат мелените бисквити и сечканите ореви (и цимет по желба).
Топлата смеса се распределува на корите, на 3 кори подеднакво и со четвртата се поклопуваат.
Така филуваните кори се поклопуваат со нешто потешко, да се залепат поубаво и да станат компактни. Се оставаат да се изладат неколку часа и потоа се сечат.