Состојки:
- 3 лажици шеќер
- 1 мала лажица шеќер во прав
- 50 грама шеќер
- 200 грама чоколадо
- 200 грама путер
- 100 грама ореви
- 500 милилитри млеко
- 2 лажици какао
- 10 милилитри вода
- 1 Ванила пудинг
- 250 грама бисквити
Подготовка:
Кора: 100 грама чоколадо искршете и на пареа истопете го со постојано мешање и оставете го на топло.
Пенесто изматете 100 путер со 50 грама шеќер и додајте го истопеното чоколадо.
Во друг сад измешајте 250 грама мелени бисквити, какаото и мелените ореви па додајте ги во смесата со путер и чоколадо.
Додајте 50 грама сечкани ореви и 50 грама млеко за да добиете густа смеса.
Фил: Одвојте 100 милилитри млеко и во него растворете ги шеќерот и прашокот за пудинг. 300 млеко ставете го да зоврие и додајте ја смесата со пудингот.
Сварете густ крем. Омекнатиот 50 грама путер исечкајте го на ливчиња и додадете во малку изладениот пудинг и убаво измешајте.
Глазура: Искршете 100 грама чоколадото, додајте шеќер во прав, 30 грама путер исечен на ливчиња и една лажица вода. Истопете на пареа со постојано мешање.
Редење: Поголем, правоаголен, плиток сад обложете со проѕирна фолија.
Нанесете ја смесата за кора и убаво израмнете. Рамномерно распоредете го филот и нанесете ја топлата глазура.
Садот преку ноќ префрлете го во фрижидер а потоа исечете го на коцки и послужете.