Нутела лава колачи

popara5 јуни, 20141min00
11

Состојки

  • 100 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 30 гр. какао
  • 60 гр. брашно
  • прстофат сол
  • 1/4 лажичка прашок за пециво
  • 16 лажички нутела

 

Намачкајте со малку масло 16 калапи за мафини. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во тава на слаб оган растопете го путерот. Одстранете го од оган и додадете го шеќерот и една лажичка ванила екстракт и промешајте. Потоа додадете го какаото, брашното, прашокот за пециво и прстофат сол и добро измешајте. Истурете го тестото во подготвените калапи и наполнете ги по 1/3. Потоа во секој калап додадете 1 полна лажичка нутела. Поделете го остатокот од тестото врз нутелата.
Печете ги мафините во загреана рерна 20 минути.
Кога ќе бидат готови, оставете ги мафините да одстојат 5 минути па извадете ги од калапите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *