Летна бајадера без печење

popara14 јуни, 20141min00
19

Состојки

1л. млеко
200гр. шеќер
250гр. маргарин
150гр. гриз
1/2 лажица какао во прав
1 кесичка ванилин шеќер
сок од 1/2 лимета
300гр. бисквити

Ставете го млекото заедно со шеќерот да се вари во едно тенџере. Откако убаво ќе се загрее, додадете го маргаринот и мешајте повремено додека се растопи и млекото да зоврие. Тргнете кратко на страна, додадете го гризот и вратете повторно да се вари на умерена температура. Мешајте цело време додека се свари гризот и додека да добиете густа каша.
Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го какаото и убаво промешајте. Во другиот дел ставете го сокот од лиметата и ванилиниот шеќер и промешајте.
Во правоаголна тава со димензии 30*20 ставете еден ред бисквити. Врз нив нанесете го топлиот какао фил. Повторно наредете еден ред бисквити, па нанесете го светлиот фил. Врз него ставете уште еден ред бисквити и тоа е се.
Оставете на собна температура да се подизлади, па потоа ставете го во фрижидер убаво да се излади и стегне.
Послужете се овошје по желба или со слатка павлака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *