
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр путер
* 200гр брашно
* 350гр рендан кашакавал
* 4 жолчки
* 2дц павлака
* сол
* бибер
* 1/2 лажиче лут црвен пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во брашното ставете 200гр путер, додадете 200гр кашкавал и малку вода и замесете тесто.
Со сукало направете го со дебелина од половина сантиметар.
Со округол калап вадете погачици, наредете ги во плех и печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени.
За тоа време изматете ги жолчките со павлаката, додадете сол, бибер и црвен пипер, ставете на сосема ниска температура и мешајте се додека масата не се згусне.
Отстранете го кремот од огнот, оставете да се излади, па додадете го преостанатиот путер и кашакавалот.
Ставајте по едно лажиче од кремот помеѓу две погачици и служете како предјадење.