
Состојки:
1 кг. модар патлиџан,
600 гр. домати,
250 гр. моцарела,
1 лажица путер,
3 јајца
4 лажици павлака за готвење,
2 лажици млеко,
1 до две парчиња магдонос,
сол
бибер
Подготовка:
Измијте го модриот патлиџан, излупете го и исечете на парчиња, па почекајте да пушти вода. Потоа измијте го доматот исто така излупете го и исечете на парчиња.
Намачкајте огноотпорен сад со путер, па редете ги најизменично модниот патлиџан, доматот и моцарелата. Секој ред посебно зачинете го со сол и бибер. Изматете ги јајцата со млеко и павлаката за готвење, зачинете по вкус и додадете го магдоносот. Мусаката испечете ја во рерна 40 – 50 минути, на 200 степени.