
Вкусен и мек колач кој може да биде готов се’ на се’ за три минути, но за тоа ќе ви треба и микробранова печка. Ова е количество кое е доволно колку за една порција, а колачот се прави во шолја и се јаде со лажица. Ако ви се допаѓа како звучи овој десерт, тогаш прочитајте како сами да го направите.
Состојки:
● 1/4 шолја брашно
● 1 лажица шеќер
● 1/4 кафена лажица прашок за печиво
● 1/8 кафена кажица сол
● прстофат цимет
● 1/2 лажица путер
● 2 лажици млеко
● 1-2 лажици свежи или замрзнати боровинки
Подготовка:
Промешајте го брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта и циметот во шолја или керамичка чинија која може да се стави во микробранова печка. Потоа во шолјата додадете го претходно омекнатиот путер, па сето тоа со прсти добро промешајте го се’ додека да исчезнат сите грутки низ смесата. Тестото би требало да изгледа како стандардно малку поцврсто тесто за мафини, а ако ви делува дека е премногу густо, додадете уште малку млеко. На крајот врз тестото сипете ги боровинките и со прстите подбутнете ги кон дното. Шолјата, или чинијата, со тестото ставете ја во микробранова печка на максимална моќност и во времетраење од 90 секунди. Врз колачот може да прелиете мед, путер од кикиритки или слатка павлака.