
Состојки:
1,5 чаша остро брашно
3 лажици какао
1 чаша шеќер
1 лажичка сода бикарбона
Половина лажичка сол
1 лажичка алкохолен оцет
1 лажичка течен екстракт од ванила
5 лажици масло
1 чаша вода
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го садот за печење со масло кој би требало да биде околу 20 сантиметри, и во него додадете ги првите 5 суви состојки.
Во смесата направете три дупки, две мали и една поголема. Во едната мала додадете го оцетот, во другата мала дупка ванилата, и во третата, најголемата маслото.
Потоа додадете ја водата и добро измешајте за да се изедначи смесата.
Печете на средна решетка околу 35 минути.