
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 пакетче желатин
* 80гр шеќер во прав
* 200гр чоколадо
* 1 чаша млеко
* 500мл течна павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги ставаме млекото и павлката во тенџере и ги вариме, мешајќи. Кон смесата го додаваме желатинот и повторно мешаме.
- Го растопуваме чоколадото на пареа и кон него го додаваме шеќерот во прав. Мешаме добро и го додаваме кон млекото, мешајќи додека добиеме хомогена смеса.
- Го тргаме од оган и го ставаме во соодветни чинии. (формите за суфле се најпогодни).
- Панакотата ја ставаме во фрижидер да се излади.
- Пред сервирање, по желба, гарнираме со свежо овошје или шлаг.