Потребни состојки:
- Пакување од 500 г готови кори
- 8 зрели смокви
- Рендана кора портокал
- Сок од еден портокал
- 1 лажица мед
- 2 јајца
- 200гр путер
- 200гр шеќер
- 200гр бадеми
Начин на подготовка:
Поради совршената текстура и доминантниот вкус на смокви во овој колач, нема да бидете во можност да се задржите само на едно парче.
Загреете ја рерната на 180 степени. Ставете малку брашно во тавчето за печење, и обликувајте ги корите спрема тавчето.
Смоквите исечете ги на пола и оставете ги на страна. Во меѓувреме, измешајте го медот и сокот од портокал, прелијте го врз смоквите и оставете го на тивок оган околку 10 минути се додека не омекне. Потоа процедете го и чувајте ја течноста. Корите во тавчето, избоцкајте ги со вилушка и ставете ги во рерна на печење околку 10-15 минути. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат.
Добро изматите 200гр путер со шеќер, додадете ги бадемите и претходно изренданата кора од портокал, и измешајте се додека не се добие хомогена смеса.
Додајте ги жолчките од јајца и една лажица од сокот кој ви остана од смоквите, и мешајте се додека не добиете кремаста смеса.