ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 10 палачинки
* 10 листови шунка
* 200гр сирење
* едно јајце
* 200мл јогурт
* кечап, оригано, зачин по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испечете 10 палачинки и секоја од нив премачкајте ја со кечап, ставете лист шунка, 1 лажица сирење, завиткајте ги во ролна и наредете ги во плех или во ватростален сад.
Во посебен сад изматете едно јајце , додадете јогурт, измешајте и полиете ги палачинките. Посипете ги со оригано, а по желба и со кашкавал. Печете 20 минути на 200 степени.