Ружици

popara18 ноември, 20144min00
12

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 240 мл масло за готвење
  • 240 мл млеко (млако)
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 500 г брашно
  • 1-2 лажички какао во прав
  • 1 кг шеќер (за шербет)
  • 500 мл вода (за шербет)

Подготовка:

  1. Подготовка на тестото Јајцата измешајте ги со шеќерот. Додадете млеко и масло за готвење и добро изматете. Брашното измешајте го со сувиот квасец и прашокот за пециво и додадете го во смесата.
  2. Делење на два дела Месете се додека не добиете хомогена и мазна смеса, тесто кое не е премногу тврдо. Поделете го на два дела.
  3. Додавање на какао во тестото Во едниот дел од тестото додадете какао во прав и добро измесете го.
  4. Сукање на белата кора На набрашнета површина, белото тесто исукајте го тенко и во форма на правоаголник.
  5. Сукање на црната кора И црното тесто исукајте го со иста големина како и белото тесто.
  6. Ролување на корите Тестата ставете ги едно врз друго и од нив формирајте ролат.
  7. Сечење на ролатот на тенки парчиња Исечете го ролатот на тенки парчиња.
  8. Спремни за стоење Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење. Ружиците наредете го со поголемо растојание и оставете ги околу 45 минути да отстојат и малку да нараснат.
  9. Испечени ружици Печете на 190 степени, околу 15 мунити или се додека малку не потемнат.
  10. Налевање со шербет Сварете 500 мл вода и додадете го шеќерот. Варете го околу 7-8 минути, додадете малку лимон и истурете го врз малку подоладените ружици.
  11. Сервирани ружици Оставете ружици целосно да го упијат шербетот и да се оладат, па сервирајте ги. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag