Тестото едноставно ќе ги воодушеви сите, и почетниците и напредните домаќинки и домаќини – меко е, не се лепи за рацете, убаво се меси и не се распаѓа.
Потребни состојки:
– четири шолји од по 2 дл. брашно
– две лажици шеќер
– половина лажица сол
– две лажици сончогледово масло
– 500 мл. млеко
– едно ќесенце сув квасец, 11 грама
Смешајте ги сите состојки убаво за да добиете хомогена смеса. Така подготвената смеса се става во ќеса и се остава во фрижидер два часа. Потоа извадете го тестото од фрижидерот и валајте го во малку брашно. Потоа од него можете да правите пирошки, лепчиња или кифлички, по ваша желба. Можете да ги пржите на врело масло или да ги печете во тава убаво намачкана со масло.