Потребни состојки:
- 1 kg компири
- 1 ½ шолја брашно
- 1 јајце
- ¼ шолја млеко
- Сол и бибер
Подготовка:
Излупете ги компирите и сварете ги во вода со малку сол. Испасирајте ги и додајте им го млекото и изматеното јајце. На таа смеса додајте ѝ малку брашно за да се зацврсти и обликувајте шницли.
Во тавче ставете повеќе масло и наредете ги. Пржете кратко, додека не заруменат. Готовите шницли од компири може да ги послужите со сос по ваш избор.