Чоколаден колач без печење

popara20 јуни, 20151min00
7

Кремаста и чоколадна торта која ќе ја обожавате по првото залче. Се прави брзо и лесно, а се служи добро оладена после ручек или кафе.

Потребни состојки:

  • Пакетче тенки кори за торта
  • 1,5 l млеко
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 200g шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 300g чоколадо за готвење
  • 250g млечно Милка чоколадо
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 200g путер или маргарин

За глазура:

  • 50g путер или маргарин
  • 50g млечна Милка чоколадо
  • 1dl слатка павлака

Подготовка:

Загрејте литар млеко додека не зоврие, па во него помешајте го преостанатото млеко со пудинг, брашно, густин и шеќер.

Кога кремот ќе биде готов тргнете од оган и додадете го чоколадото да се растопи. Прво мешајте со дрвена лажица, па потоа неколку минути со миксер.

Измешајте го маргаринот или путерот со ванилин шеќер и додајте го во оладениот крем.

Премачкувајте ги корите со по еден дебел слој крем се додека не го потрошите материјалот.

На крај, стопете ги сите состојки за глазурата на пареа и прелијте ја целата торта. Сечете коцки или правоаголници и послужете ги оладени.

najvkusniot-cokoladen-kolac-bez-pecenje-so-fantasticna-glazura-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *