Овој колач е многу омилен, а неверојатно лесно се прави. Ние за денеска се решивме да го правиме со вишни. За негова подготовка не ви е потребна некоја посебна вештина, а бидете сигурни дека со овој превкусен десерт ќе ги воодушевите сите!
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 3 шолји шеќер
- 3 шолји масло
- 6 шолји брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 лажица кисело млеко
- Половина килограм вишни (можете и повеќе или помалку, останува на вашата желба)
Подготовка:
- Со миксер изматете јајца и додадете ги сите состојки освен вишните. Во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, сипете 2/3 од добиената смеса. Преку неа ставете ги вишните, а преку вишните преостанатата третина од смесата.
- Колачот се пече отприлика 25 до 30 минути на 170 степени. Кога малку ќе се излади посипете го со шеќер во прав.
Совет: Наместо со вишни, овој колач можете да го направите и со друго овошје: Сливи, кајсии, малини, праски, јаболки…