Потребни состојки:
- 2 шолји овесни снегулки
- 1 лажица какао
- ½ шолја млеко
- 1 јајце
- 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
- 1 лажичка прашок за печиво
Црн крем
- 1 ½ шолја млеко
- 1 лажица нишесте
- 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
- 1 ½ лажица какао
Бел крем
- 1 шолја млеко
- 2 лажици нишесте
- Шеќер по желба
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го млекото со овесни снегулки. По неколку минути матење со миксер додајте го какаото и прашокот за печиво. Добро промешајте со дрвена лажица.
Добиената смеса ставете ја во два округли калапи за печење и печете 30 минути на средна температура. Со чепкалка за заби проверете дали е готов пандишпанот.
Темниот крем подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и ќе ги загревате на тивок оган додека не добиете крем сличен на пудинг.
Печениот пандишпан исечете го на два дела (хоризонтално) за да добиете два потенки круга.
Обложете еден овален длабок стаклен сад со пластична фолија и ставете го едниот пандишпан врз неа. Садот треба да има помал дијаметар од самиот пандишпан.
Прелијте го кремот во садот, а потоа затворете со вториот пандишпан. Зацврстете со фолија.
Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер или ако имате време, нека преноќи.
Кога ќе биде целосно оладена, превртете ја на плитка чинија.
Белиот крем подгответе го исто како темниот и прелијте ја тортата одозгора.
Сечете поголеми парчиња за да не се распаднат.