Како и при подготовка на десерти, така и за летните пијалоци може да се користат сезонски овошја кои се многу корисни за вашето тело – го хидрираат, разладуваат и го снабдуваат со здрави шеќери.
За посебни прилики, во соковите може да ставите коцки мраз во кои претхоно сте замрзнале листови од цвеќе или гранчиња магдонос. Без оглед на тоа од кое овошје правите пијалок, важно е претходно да ги изладите плодовите во замрзнувач, а потоа да го подготвите посакуваниот пијалок.
Состојки:
1/2 лимон
1/2 лимета
1 портокал
грст малини
листови нане
краставица
Подготовка:
Исечете ги лимонот и лиметата на парчиња. Исцедете го порокалот во вода и измешајте со лимоните. Испасирајте ги малините, здробете ги листовите нане и сето тоа измешајте го со вода и сокот од цитрусите. Додадете парчиња свежа краставица.