
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 јајца
* 250 г брашно
* 350 мл млеко
* 100 мл газирана вода
* Малку сол
* 2 лажици масло
* Пола лажичка рум
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, па додадете ги маслото и млекото па измешајте.
Потоа со непрестајно мешање додетете го брашното, малку по малку, додадете прстофат сол и малку рум (за да се добие арома и да се спречи впивањето на маслото).
Доколку смесата ви се чини дека е малку густа (зависи од брашното), додадете уште малку газирана вода.