Тестенини со пилешко

popara9 декември, 20151min00
12

Овој типичен медитерански ручек збогатен со протеини е многу вкусен, а истовремено обезбедува енергија која ќе ви помогне многу полесно да ги завршите сите ваши секојдневни обврски. Доколку редовно вежбате, ќе имате сила да ги направите и најтешките вежби.

Состојки:

– 110 гр. интегрални тестенини
– 285 гр. пилешки гради, сварени и исечени
– 85 гр. брокула, свежа или замрзната
– 240 гр. домати (најдобро пелати)
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка босилек
– 1 лажичка оригано

Подготовка:

Во длабок сад ставете вода да зоврие па додадете ги тестенините и варете десетина минути, односно според упатството на пакувањето.

Во длабока тава ставете шолја вода, вареното исечено пилешко и брокулата, поклопете го садот и динстајте околу 5 минути на средна температура. Потоа додадете ги исечканите домати и зачините. Намалете ја температурата и оставете да севари десетина минути. Вака добиениот сос измешајте го со тестенините и послужете. По желба, можете да изрендате кашкавал одозгора.

Хранлива вредност:

Калории: 820
Јаглехидрати: 98 g
Протеини: 72 g
Масти: 12 g

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag