Паштета од туна

popara14 јануари, 20161min00
16

Паштетата од туна е совршен рецепт за ова ладно време која со својот вкус ќе не однесе со мислите во летните денови и ќе не потсети на мирисот на морето.

Оваа паштета совршено оди со тазе домашен леб или крекери.

Состојки:

  • 300 грама туна
  • 300 грама крем сирење
  • 80 грама пармезан
  • 300 грама мајонез
  • Сок од половина лимон
  • Половина лажичка сенф
  • Крекери или леб за послужување

Подготовка:

Туната, крем сирењето, мајонезот, сенфот, сокот од лимон и пармезанот убаво изблендајте ги и оставете ја паштетата во фрижидер да се излади барем два часа.

Послужете ја ладна со крекери или тазе леб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag