ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За пандишпан:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
4 лажици прашок за прашок за печиво
2 лажици сок од портокал или лимон
За фил:
3 пудинзи од ванила
2 жолчки
200 грама путер
200 грама маргарин
200 грама шеќер
1 кесичка шлаг пена
1 литар млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги намирниците за пандишпан. Пола од смесата налејте во округол намастен плеџ за печење и печете на 180 степени Целзиусови околу 15 минути. Потоа истото повторете го со остатокот од смесата за пандишпан.
Сварете ги изматените жолчки и ванила пудингот во млекото. Оставете смесата да се олади. Путерот и маргаринот заедно со шеќерот изматете ги пенасто. Измешајте ги двете смеси. Шлаг пената направете ја според упатството на кесичката и додадете ја на смесата. Убаво измешајте.
Редете пандишпан фил пандишпан.
Посипете со шеќер во прав
Совет:
За полесно сервирање на колачот, пред да филувате двете кори ставете ги во садот во кој ги печевте и исечете триаголници( кружните пандишпани прево исечете ги на половина, па на четвртини и секоја четвртина на уште 3 дела. Вкупно треба да има 12 парчиња. Тргнете ги парчињата од горната кора, филувајте па вратете парче по парче. Бидете внимателни парчињата д горната кора да се поклопуваат со парчињата на долната кора ( најлесно е со малку фил на ивиците на плехот да ги обележите местата на триаголниците на долната кора).
Уживајте во вкусот!!!