Вкусен посен десерт за чија подготовка ќе ви бидат потребни само неколку минути.
Потребни состојки:
4 шолји брашно
4 шолји шеќер
4 шолји млака вода
2 шолји гриз
1 пециво
1 шолја масло за јадење
неколку лажици мармалад со вкус по желба
неколку лажици сецкани ореви
Начин на подготовка:
Во млаката вода се растопува шеќерот, се додава маслото, мармаладот и се додаваат сите суви состојки: брашното, гриз, пециво и на крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче посолено со брашно.
Тортата се пече на 180 степени околу 40 мин.
Испечената торта се премачкува со мармалад и се посолува со мелени ореви.