Состојки:
- 6 парчиња бел леб за тост
- 1/2 шолја ситно сечкани јагоди
- ½ шолја Нутела
- ¼ шолја шеќер во прав
- Малку путер
- 1 јајце
- 2 лажички млеко
Подготовка:
Измешајте го јајцето со млекото. Парчињата леб добро стиснете ги со сукало и исечете им ја корката. Намачкајте со Нутела, ставете јагоди и замотајте ги како палачинки. Зацврстете со чепкалки. Извалкајте ги во јајцето со млеко и пржете неколку минути додека не поруменат, а Нутелата не почне да се топи. Сервирајте со неколку свежи јагоди и проросете со шеќер во прав.