Состојки за 1 чаша:
- ½ лажичка шеќер
- ¼ лајм
- 3 свежи јагоди, 2 исчистени и ситно исечкани, 1 за украс
- 50ml џин
- Кисела вода со вкус по желба
- Свежо нане
Подготовка:
Во висока чаша измешајте ги 2-те ситно сечкани јагоди со шеќерот и врз нив исцедете го лајмот. Почекајте неколку минути да се растопи шеќерот, измешајте, па истурете го џинот. На крајот додајте ја киселата вода и декорирајте со преостанатата јаготка и свежото нане.