Мусака во земјена тава

popara31 јули, 20161min00
14

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг компири

800 гр мелено месо

1 морков

1 главица кромид

2 домати или 200 мл доматно пире

магдонос

зачини

масло за јадење

300 мл млака вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите ги лупиме и сецкаме на кругови.

На загреано масло во тава го додаваме ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога кромидот ќе биде добро пропржен го додаваме меленото месо и зачинуваме по вкус.

Откако кратко ќе се пропржи месото го додаваме ренданиот морков и ренданите домати или доматно пире. Го ставаме и ситно сецканиот магдонос и пржиме уште кратко.

Во тава за печење ставаме масло за готвење. Редиме еден ред од компирите на кругови.

Врз компирите додаваме една половина од смесата со месо.

Редиме втор ред компири, па ја додаваме другата половина од смесата.

На крај завршуваме со уште еден ред компири.

Најодозгора додаваме малку доматно пире и млака вода. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag