Пандишпан: Се мешаат сувите состојки, ги додаваме газозата и маслото. Состојката ја ставаме на намачкано тавче со масло и ставаме да се печена 180 степени, 15 минути.
Оставаме да се излади, потоа со дрвена лажица правиме дупчиња во кои ќе ги ставиме вишните (без семки).
Прелив: На тивок оган се изедначуваат состојките за да се добие убава чоколадна смеса.
Од преливот се става во секое дупче пред и после вишните, а со остатокот ја преливаме целата торта која потоа ја сечеме на коцки и ја оставаме во ладилник за добро да се излади.
Пандишпан
♦ 300 гр. брашно
♦ 100 гр. мелени бисквити
♦ 200 гр. шеќер
♦ 2 пакетчиња ванилин шеќер
♦ 2 лажици какао
♦ 1 лажичка сода бикарбона
♦ 500 мл. газоза
♦ 125 мл. масло
Прелив
♦ 40 (+-) свежи вишни
♦ 200 гр. шеќер во прав
♦ 50 гр. маргарин
♦ 4 лажици вода
♦ 2 лажици какао
♦ 1 пакетче ванилин шеќер