Покрај тоа што се многу вкусни, тие се и многу лесни за подготвување, па отсега нема да мора само да ги гледате на слики и да ги посакувате.
Во продолжение погледнете 4 рецепти за бомбици со различни вкусови кои веднаш ќе посакате да ги подготвите:
Класични бомбици
Потребни состојки:
- 1 лажица путер
- 400g засладено кондензирано млеко
- ¼ шолја кокос
- Чоколадни трошки
Начин на подготовка:
1. Ставете ги во сад путерот, млекото и кокосот и стопете ги на слаб оган, со непрекинато мешање додека се соедини смесата.
2. Истурете ја смесата во чинија и оставете ја 1 час да се излади.
3. Направете од смесата мали топчиња.
4. Извалкајте го секое топче во чоколадните трошки.
5. Сервирајте!
Бомбици со кокос
Состојки:
- 1 лажица путер
- 400g засладено кондензирано млеко
- ½ шолја кокосово млеко
- Кокос
Начин на подготовка:
1. Загрејте ги во сад путерот, кондензираното и кокосовото млеко, и мешајте додека не го видите дното на садот.
2. Претурете ја смесата во чинија и оставете ја 1 час да се излади.
3. Направете од смесата мали топчиња.
4. Извалкајте го секое топче во кокос.
5. Сервирајте!
Бомбици од јагода
Потребни состојки:
- 1 шолја свежи сечкани јагоди
- ½ шолја вода
- 1 лажица путер
- 400g засладено кондензирано млеко
- ¼ шолја бело чоколадо
- Трошки во боја
Начин на подготовка:
1. Во сад, на средно загреан оган, ставете ги јагодите и водата и мешајте додека смесата не се згусне во вид на џем.
2. Намалете го оганот и додадете ги путерот, кондензираното млеко и белото чоколадо, постојано мешајќи додека да се соедини смесата.
3. Истурете ја смесата во чинија и оставете ја 1 час да се излади.
4. Направете од смесата мали топчиња.
5. Извалкајте го секое топче во мрвиците.
6. Сервирајте!
Орео бомбици
Потребни состојки:
- 10 Орео колачи
- 1 лажица путер
- 400g засладено кондензирано млеко
Начин на подготовка:
1. Одвојте го кремот од средината на колачите и тргнете го настрана. Искршете ги колачите на ситни парченца и оставете ги за подоцна.
2. Во сад, на слаб оган, ставете ги путерот, кондензираното млеко и кремот од колачите и мешајте додека да се соедини смесата.
3. Истурете ја смесата во чинија и оставете 1 час да се излади.
4. Направете од смесата мали топчиња.
5. Секое топче извалкајте го во искршените колачи.
6. Сервирајте!