Вкусно, ново и интересно. Ако сакате малку да го смените вкусот на вашето секојдневие ова ви е одлична шанса.
За пилешкото со шафран ќе ви биде потребно:
- 500 гр пилешки гради,
- шафран,
- сол, бибер, копар, масло за јадење.
Начин на подготовка:
Пилешките гради измијте ги и исечете ги на парчиња. Потоа во еден сад наредете ги и ставете ги сите наведени зачини. Прелијте со малку масло за јадење. Со рацете убаво измешајте ја целата смеса, како да ги масирате. Покријте го садот со фолија и оставете го во ладилникот најмалку еден час. Пилешкото ќе има убава жолта боја. Потоа можете да го испечете на плотна или на скара.