Класичен оброк од јајца и сланина подготвен на нешто поинаков, покреативен начин.
Состојки:
- 12 парчиња сланина
- 6 јајца
- бибер
- оригано
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Со маслиново масло благо подмачкајте калапи за мафини (6 калапи)
Отстранете ја маснотијата од сланината и во секоја дупка за мафини ставајте по две парчиња.
Во секој калап внимателно скршете по едно јајце.
Печете во загреана рерна околу 15 минути.
Готовите јајца посипете ги со бибер, оригано и послужете со домат или друга свежа салата.
На здравје!