Состојки
За палачинките:
- 500 г екстра бело брашно од Жито Лукс
- 3 дл млеко
- 1 јајце
- 1 лажица шеќер
- сол
- малку рендана кора од лимон
За полнењето:
- 500 г свежо несолено сирење
- 1 ванилин шеќер
- 1 јајце
- 4 лажица шеќер
- малку суво грозје
За преливот:
- 180 г кисела павкала
- 1 јајце
- 2 лажици шеќер
Начин на подготовка
Измешајте си состојките за тестото како и вообичаено, испржете ги палачинките и оставете ги да се оладат.
Потоа во сад измешајте ги состојките за полнењето. Намачкајте ги палачинките со смесата од сирење и завиткајте ги, а потоа наредете ги во тава за печење.
Измешајте ги состојките за преливот, и прелејте ги палачинките.
Печете во загреана рерна на 180 степени, се додека не заруменат.