Потребно:
300гр мајонез
3-4 рендани кисели краставички
1 варена жолчка
2 мали лажички бело вино
по желба сенф, сол и бибер
копар
Подготовка:
Варената жолчка убаво се пасира со вилушка, се додава во мајонезот и се меша, а потоа ситно израндајте ги краставичките и убаво стиснете ги за да се исцеди сокот. Потоа додадете ги и останатите состојки и убаво промешајте. По вкус додадете сол и бибер и малку сенф.