Состојки:
- 100 гр чајни колачиња
- 400 гр крем сирење
- 50 гр кафеав шеќер
- малку екстракт од ванила
- 6 лажици карамел сос
Начин на подготовка:
Искршете ги колачињата на малку покрупни парчиња и поделете ги во четири чаши за послужување.
Во сад разматете крем сирење, шеќер и екстракт од ванила, па додајте 4 лажици карамел сос.
Внимателно ставете го филот во чашите преку кексот, а од горе разделете ги преостанатите две лажици карамел сос.
Разладете во фрижидер минимум два часа.
По желба украсете со сечкани ореви или лешници.