Состојки:
2 поголеми тиквички
200 мл кисела павлака
200 грама сирење
3 лажици презла
4 лажици брашно
4 јајца
100 мл масло
сол по вкус
половина лажиче сода бикарбона
(или прашок за пециво)
Тиквичките излупете ги, нарендајте ги на крупно, посолете ги и ставете ги во цедилка да се исцедат. По десетина минути исцедете ги уште малку со рака и ставете ги во подлабок сад. Настрана изматете ги јајцата, сирењето, павлаката, брашното, презлата, солта и содата, и потоа додајте ги во садот со тиквички.
Намастете ја тавата и истурете ја во неа смесата. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30-тина минути, додека не се направи златна коричка одгоре. Добар апетит.