Потребни состојки:
- 4 тиквици
- 400g тврдо сирење
- 6 јајца
- 10 лажици гриз
- 3 лажици путер
- 200g сланина
- сол
- црн бибер
Подготовка:
Тиквиците се мијат добро и без да ги лупите изрендајте ги во длабок сад. Ставете сол, оставете ги да пуштат вода, а потоа исцедете ја водата. Сирењето издробете го со вилушка и додајте го во тиквиците, дојдете ги одвоените жолчки од јајцата. Во смесата додајте го гризот, путерот, исецканата сланина, сол и бибер. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег и во нив додајте ја претходно подготвената смеса, добро промешајте за да се соединат сите состојки. Смесата ставете ја во подмачкан плех и печете околу 30 минути. Исечете форма по желба и послужете ги топли.