
Состојки:
- 2 јајца
- 175 гр брашно
- 250 мл светло пиво
- сол
- 5 големи јаболка
- 300 мл масло
- 2 лажици вештачки засладувач во прав
- 1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
- Одвојте ги жолчките од белките. Измешајте брашно, пиво, жолчки и малку сол. Оставете го тестото да отстои на топло околу 15 минути, да нарасте.
- Во меѓувреме излупете јаболка со нож и издлабете ги семките од средина. Исечете ги јаболката на кругови со дебелина од 1 см. Цврсто разматете белки и измешајте во тестото.
- Загрејте масло во помал сад. Со вилушка набодете парче јаболко, провлечете го низ тестото и испржете го во масло додека не добие златнорумена боја. Испржените парчиња ставете ги на хартиена салфета.
- Пред сервирање посипете со шеќер во прав.