Состојки (за 4 лица):
1/2 шолја лебни трошки
1/2 шолја рендан пармезан
4 помали парчиња пилешки гради (околу 700 грама)
2 јајца, изматени
3/4 шолја маринара сос (или обичен сос од домати)
150 грама исецкана моцарела
маслиново масло
сол, бибер
крцкаво лепче за сервирање
Начин на подготовка:
Измешајте ги лебните трошки и ренданиот пармезан. Во големо тавче за пржење загрејте маслиново масло на средна температура. Прво намачкајте ги пилешките гради со сол и бибер, потоа потопете ги во јајцето, а на крај во мешавината од пармезан и лебни трошки.
Пржете го пилешкото додека не добие златна боја од двете страни. Префрлете го во тава за печење. Прелијте го со маринара сосот и додајте ја исецканата моцарела.
Печете 20 минути во рерна загреана на 225 степени целзиусови. Послужете со крцкаво лепче. Добар апетит!