Во средината на овие крцкави колачиња ве очекува слатко изненадување…
Состојки:
- 380 гр брашно
- 230 гр омекнат путер
- 230 гр шеќер + 1 лажица
- 230 гр кафеав шеќер
- 2 јајца
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1 лажичка сода бикарбона
- 90 гр какао
- 130 гр исечкани ореви
- 48 карамел бонбони
Начин на подготовка:
Добро разматете го путерот и постепено додавајте 230 гр бел шеќер и 230 гр кафеав шеќер. Додајте ги и јајцата и екстрактот од ванила и сè добро разматете.
Измешајте го брашното, содата и какаото и постепено додавајте ја мешавината со путер. Сè добро разматете и додајте половина од оревите. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер околу 2 часа.
Рерната загрејте ја на 190 степени.
Измешајте ги останатите ореви со една лажица шеќер.
Смесата извадете ја од фрижидер и поделете ја на 4 дела. Обликувајте дел по дел, а остатокот чувајте го во фрижидер. Секој дел од смесата поделете го на 12 мали делови. Растегнете ги малите делови, па во средина на секој ставајте карамела и околу неа обликувајте круг со смесата. Облкуваните колачи потоа извалкајте ги во мешавината од ореви и шеќер (наместо сечкани, можете да измешате шеќер со мелени ореви). Редете ги колачите во плех обложен со хартија за печење.
Печете ги колачињата во загреана рерна околу 8-10 минути. Оставете ги да се изладат, па послужете.
Уживајте!