Состојки:
- 450 гр мелено месо (најдобро мешано)
- 1 главица кромид
- 450 кисела зелка, добро исцедена
- 220 гр крем сирење
- 2 шолји зачинета презла
- 1 јајце
Начин на подготовка:
На масло пропржете исечкан кромид и мелено месо додека месото не биде убаво испржено (околу 10 минути). Прженото месо процедете го и оставете го на страна.
Во месото додајте ситно сечкана и процедена кисела зелка. Сè убаво измешајте. Покријте ја смесата и држете ја во фрижидер околу 2 часа.
Во мал сад разматете јајца, а во друг сад ставете презла зачинета по желба.
Од смесата со зелка и мелено месо обликувајте ќофтиња, па извалкајте ги во јајца, па во презла и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги ќофтињата во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути, додека убаво не поруменат.