Состојки:
250 гр. мелено месо
3 лажици маслиново масло
1 лажичка црвен пипер
сол и бибер по вкус
3 бамји
2 пиперки исечени во кругови
2 лукчиња
1 кромид ситно исечен
3 модри патлиџани
магдонос
сирење рендано
Подготовка:
Исечете го модриот патлиџан хоризонтално или вертикално во кругови со дебелина од 4-7 милиметри. Премачкајте ги модрите патлиџани со маслиново масло од двете страни и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење или алумниумска фолија без да се преклопуваат межу себе. Печете ги 10 – 15 мин. на температура од 200°C додека да омекнат.
Додека се печат модрите патлиџани подгответе го филот. Додадете го кромидот во загреана тава со масло. Пржете го додека не омекне. Потоа додадете го меленото месо и пржете ги десетина минути со постојано мешање. Додадете ги исечените пиперки, околу 1/2 лажичка сол (или по вкус), црн бибер и црвен пипер. Ставете ги доматите во зовриена вода 1 минута. Потоа излупете ги, исецкајте ги на ситни парчиња и промешајте ги со месото. На крај додадете ги магдоносот и лукот. Пропржете ја смесата упте некоја минута.
Пригответе подлабоко тавче за печење и намачкајте го дното со масло за готвење. Наредете еден слој од модрите патлиџани. Рамномерно распределете ја половина од смесата со месото врз патлиџаните. Потоа додадете уште еден слој модри патлиџани. Одозгора распределете го остатокот од смесата. Завршете со трет слој од модри патлиџани. Изрендајте сирење врз модрите патлиџани. Печете ја мусаката 15- 20 мин. во загреана рерна на 200°C.
Мусаката се сервира топла.