Состојки
- 270 гр. Екстра бело брашно тип 400
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 240 гр. путер
- 140 гр. бел шеќер
- 140 гр. кафеав шеќер
- 1 лажичка ванила
- 2 јајца
- 340 гр. чоколадо за готвење, сецкано на ситни парчиња
- 200 гр. сецкани ореви
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте едно подлабоко тавче со малку масло.
Во длабок сад измешајте брашно, сол и прашок за пециво. Во друг сад измешајте го путерот со екстракт од ванила и бел и кафеав шеќер. Матете ги додека да добиете кремаста смеса. Потоа додадете ги јајцата и продолжете со матење. Во оваа смеса постепено додавајте ја смесата од брашно една по една лажица со постојано мешање. На крај во тестото додадете го сецканото чоколадо и ореви и добро промешајте ги.
Распоредете го тестото рамномерно во подготвеното тавче. Печете го колачот во загреана рерна 25 минути. Кога ќе се излади исечете го на коцки и послужете го.