Потребни состојки:
- 500г. брашно
- 1,5 дл. масло
- 1,5 дл. бело вино
- 1 прашок за пециво
- 50г. мак
- 50г. сусам
- 1 јајце
- сол
Подготовка:
Замесете тесто од брашното, маслото, виното и солта. Развлечете го на работната маса и премачкајте го со изматеното јајце. Наросете мак и притиснете го во тестото.
Свртете го тестото од другата страна и повторно премачкајте го со изматеното јајце и наросете сусам кој исто така ќе го притиснете на тестото.
Потоа исечете го тестото на ленти и секоја лента свртете ја околу својата оска и наредете ги во тепсија. Печете 25 минути на 180 степени. Сервирајте со свеж зеленчук или некој пикантен сос.