За да уживате во вкусен десерт не значи дека е задолжително долг список на намирници или пак долготрајна подготовка.Доволно ви е да купите едно пакување од замрзнати лиснати теста од 500 грама, и околу 200 грама Нутела (или било каков друг крем).
Подготовка:
- Одмрзнете го лиснатото тесто во целост. Развлечете ги лиснатите теста што е можно потенко и во облик на коцка, и расечете го на еднакви делови.
- Вo средината на лиснатото тесто додадете една лажичка од чоколадниот намаз. Замотајте го тестото околу кремот. Продолжете со ваквата постапка се додека не ги потрошите сите парчиња од тестото.
- Ставете ги замотаните кроасани во веќе загреана рерна на 200 степени, и оставете ги внатре околу 14-16 минути додека тестото не се испече и не добие златножолта боја.
Бонус совети:
- Лиснатото тесто можете да го замотате во каков сакате облик. Ние како најдобри ви препорачуваме тоа да биде или во форма на ролат, или како класичен кроасан.
- Во лиснатото тесто можете да ставите и друг вид на намаз, мармалад е одлична замена.
- Кроасаните се највкусни топли, запрашени со шеќер во прав и во комбинација со млеко.