Состојки:
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја шеќер
- 2 јајца
- 1,5 шолја брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- џем од сливи, јагоди или по желба
Начин на подготовка:
- Веднаш вклучете ја и загрејте ја рерната на 250 степени.
- Разматете јајца, ванилин шеќер и постепено додавајте шеќер, па јогурт и на крај измешано брашно и прашок за пециво.
- Тепсијата обложете ја со хартија за печење, потоа ставете ја смесата и печете 5-10 минути.
- Печената кора извадете ја заедно со хартијата и свиткајте ја така во влажна чиста крпа.
- Свиткајте ја во ролат. Оставете ја така да стои, а потоа отстранете ја хартијата па повторно свиткајте.
- Ролатот така чувајте го 10 минути, потоа филувајте го со џем и повторно свиткајте го и оставете го да се излади и да стегне. Посипете со шеќер во прав.