Состојки:
500 гр кори за лазањи
За бешамел сос:
– 50 гр путер, 50 гр брашно, 7,5 дл млеко, сол, 1 чешне лук
За сосот од домати и моркови:
– 1 главица кромид
– Маслиново масло
– 1 чешне лук
– 200 гр дршки од целер
– 300 гр домати
– 2 моркови
– 100 гр кашкавал
– 1 лажичка оригано
– Бибер
Приготвување:
За бешамел сосот направете светла запршка од путерот и брашното, додадете го млекото и гответе мешајќи постојано околу 5 минути. Зачинете со сол по желба. За сосот од домати, испржете го кромидот со маслиновото масло. Додадете ги целерот и морковот, а потоа исецканиот лук и динстајте налевајќи вода. Кога се ќе омекне, додадете ги доматите и зачинете. Варете на средна температура уште половина час.
Наредете ги лазањите во огноотпорен сад, а на секој ред ставајте бешамел сос, па сос од домати и кашкавал. Печете од 30 до 40 минути на 150 степени. Јадењето може да го декорирате со маслинки.