Ова е комбинација која мора да ја пробате…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
180 гр црна чоколада
3 банани
десетина бадеми исечени на ливчиња
едно пакување смрзнато тесто од 250 гр
2 пакетчиња шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете го тестото на собна температура да се одмрзне. Расукајте го и ставете го округол плех, во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 20 минути на 180 степени. Ставете ја кората да се излади.
Растопете ја чоколадата на пареа. По упатството на кесичката изматете го шлагот. Измешајте го шлагот со растопенат аизладена чоколада. Преку изладената кора ставете еден ред банани. Одозгора ставете го шлагот со чоколада, па повторно ставете еден ред кругчиња банана. Посолете со листовите бадеми.