Состојки:
- 250g маргарин
- 250g шеќер во прав
- 250g мелен кекс
- 100g мелени ореви
- 2 лажици рум
- 100g суво грозје
- 100g чоколадо
Подготовка:
Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додајте го кексот, измелените ореви и румот.
Од смесата правете бомбици, а во средината на секоја ставете по едно зрно суво грзје.
Ставете ги во хартиени корпи, а потоа прелијте ги во растопено чоколадо.
Изладете ги 20тина минути и послужете.
На здравје!