Брза гибаница

popara4 декември, 20171min00
11

Потребни состојки:

500 гр. кори

300 гр. сирење

150 мл. кисела вода

150 мл. масло за јадење

200 мл. кисела павлака

2 јајца

2 лажички сол

Припрема:

Во посебен сад изматете ги јајцата, па додадете го издробеното сирење, киселата вода, маслото за јадење, солта и киселата павлака. Матете со миксер се додека смесата не се соедини.

Тргнете една кора на страна. Тавата за печење добро намрсете ја со масло за јадење. Ставете две кори на дното. Потоа згужвајте две кори и натопете ги во смесата со јајца, па ставет ги врз сувите кори. Ставете една сува кора. Потоа повторно ставете две згужвани кори кои сте ги потопиле во смесата со јајца. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите. Доколку ви остане смеса со јајца рамномерно полијте ја врз гибаницата. Одозгора ставете ја кората која ја тргнавте на страна.

Одозгора попрскајте ја гибаницата со масло за јадење. Печете во загреана рерна 15тина минути на температура од 200 степени целзиусови, односно се додека не добие златно румена боја. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag