Еве ви уште еден многу лесен рецепт за подготовка, а истовремено вкусен и одличен за овој период од годината.
Состојки:
– За кората: 2 лажици путер, 5 јајца и 250г брашно,
– За филот: 150г варена шунка, 100г рендан кашкавал или бело тврдо сирење,
– За декорација по желба: павлака, рендано сирење.
Подготовка:
Путерот сматете го заедно со јајцата, сипете го брашното и добро промешајте. Таквата цврста смеса ставете ја во плех, добро израмнете и печете на 180 степени. Кога кората ќе биде полупечена, извадете ја од рерната и на неа распоредете ја исецканата шунка и кашкавал, па повторно вратете ја во рерна. Кога кората ќе биде целосно печена, извадете ја и завиткајте ја во ролат. Прелијте го ролатот со павлака и посипете со рендано сирење, и оставете го во рерната 2-3 минути малку да порумени.
Ролатот се служи и топол и ладен , исечен на парчиња.